“Здравствениот систем на чело со министерот за здравство Венко Филипче функционира не 100%, туку 102%. Никогаш не треба ние со нив да се препукуваме, затоа што тие го чуваат здравствениот систем во државата, а особено сега во оваа ситуација со коронавирусот. Затоа молам да нема политикантство” – беше коментар на гледач на контактната емисија “Очи в очи” на 24 ТВ на прашањето како здравствениот систем се справува со предизвикот Ковид-19.
Друг гледач во продолжение додаде:
“Здравствениот систем сега за сега многу добро си функционира. Наместо ние како поединци да им ја покажеме благодарноста, некои портали и телевизии работат на уривање на здравствениот систем, односно на зголемување на сомнежот во целиот здравствен систем, во период кога треба најголема доверба да имаме во него. Мислам дека здравствениот систем ќе се справи со овој предизвик, гледаме дека многу поголеми здравствени системи во високо развиени земји имаат сериозни проблеми. Битно е да се зачува интегритетот и довербата во здравствениот систем и да се спречи ширењето на лажни вести претплатени од еден центар ” – истакна гледачот.