Адутот на ВМРО ДПМНЕ за овие избори повторно ќе бидат лажните вести. Од друга страна, медиумите блиски до СДСМ и власта покажуваат одредена пристрасност, но  воопшто не се служат со лажни вести, полуинформации и злоупотреби.

Злоупотребата на јавниот простор е нешто што ДПМНЕ најдобро го прави. Тие се виновни за нашето постојано меѓусебно препукување за политика, дискусии кои често прераснуваат во лични расправии со навреди. Така правеа на власт, така прават и сега. И тоа ги прави безидејни и не изгледаат како алтернатива.

Од другата страна, СДСМ која исто така практикува т.н. „црна“ кампања сепак нуди многу од аспект на мерки и нема ден а да не понуди нешто ново во корист на граѓаните. Тоа не секогаш се прифаќа, но СДСМ не заборава да се пофали со многубројни прес конференции и обид да се „победи“ ДПМНЕ во влијанието на медиумскиот простор со позитивни и афирмативни објави за јавноста.

Кога сето ова го имаме во предвид, особено во предизборен период, јасно е дека нема да слушаме многу позитивни работи до 12 април, туку претежно „црна“ кампања која, секако, ќе ја предводи „фрустрираната“ опозиција. Тоа е проблем за нас како општество и како држава. Се е предмет на политичко-партиски препукувања и договарања и уште еднаш, преку Законот за ЈО, партиите, уште помалку граѓаните не наоѓаат за сходно да се обединат околу клучните интереси на државата. Се продолжува со јавни препукување во еден теснец на лични и партиски интереси

Пред нас граѓаните е исклучиво тежок период. Период на лажни вести и лични дискредитации –  ДПМНЕ има кредибилно искуство во тоа. Лажните вести пропратени со личните дискредитации се однесуваат и на луѓе кои не се јавни личности и со тоа ДПМНЕ тргнува отворено преку секој кој размислува поразлично од нив.

Состојбата со лажните вести можеби и не би била толку драматична доколку тоа не спаѓа во мозаикот за дестабилизација на државата и работа контра интересите на граѓаните. Последна потврда за тоа се истражувачките стории за странски пари кои завршувале во медиуми блиски до опозициската партија. Со ова во предвид ДПМНЕ преку лажните вести работи на својот интерес – да дојде на власт – и извршува туѓи агенди против европскиот пат на земјава.

Бурниот период пред нас и самиот 12-ти април ќе покаже колку сме спремни да кажеме „стоп“ на лажните вести и да дадеме „амин“ за продолжување на европскиот пат на Македонија.

Сотир Габелоски