Вчерашната објава на предизборната коалиција меѓу СДСМ и Беса предизвика реакции кај актуелниот коалициски партнер на социјалдемократите – ДУИ. Основната критика беше дека соработката меѓу двете партии „ги дефакторизира албанските гласови“.
Со тоа, ДУИ отвори простор да ѝ го постават прашањето: зошто тогаш и самата партија ги дефакторизирала албанските гласови, кога коалицирала со СДСМ на локалните избори во 2017 година? Или со поддршката на заеднички кандидат на претседателските избори?
Како и да е, ваквиот пречек на „првата ластовичка“ ги врати на сцена старите дилеми за потребите на македонското општество: партии со етнички или граѓански предзнак, моноетнички или мултиетнички предизборни коалиции? Иако три децении се вртат истите прашања, сепак, постојат партиски искуства во сите варијанти.
Оттука, јасно е дека последната реакција на ДУИ е обид на партијата и од оваа ситуација да извлече нов етнички сентимент против расцепкување на албанскиот глас. Шлагерот е стар, и по обичај редовно и најгласно се врти пред избори. Истата практика беше и во времето кога ДУИ беше во сложна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Седењето во иста Влада не беше пречка секој да си прави театарска претстава пред својата публика, со цел преку етнички наративи да си ги наполнат изборните кошнички. Едните настапија со двоглав орел во Чаир, другите со крст во Бутел. Тоа „случајно се случи“ во изборната 2016 година.
Прочитајте ја целата колумна на Катерина Блажевска на следниов ЛИНК