-Според испитаниците на ИРИ, Заев е повеќе од двојно попопуларен од Мицкоски. Драстичната разлика во популарноста на лидерите на двете најголеми политички партии, некако оди рака под рака со стабилниот „курс“ на масовната поддршка за процесот на интеграциите во ЕУ, нотира граѓанскиот активист Џабир Дерала во својата колумна за ЦивилМедиа.

Што ги прави денешните наслови во македонските медиуми? Ако тоа не е КОВИД-19 пандемијата, тогаш тоа сигурно е истражувањето на јавното мислење на ИРИ. Редно беше да здивнеме за миг од светската вирусна напаст, па да се позанимаваме со „чисти“ политички теми за миг, пишува Дерала.

Зоран Заев води пред Христијан Мицкоски со вртоглава предност, според анкетата на ИРИ (Меѓународниот републикански институт). Со „многу го поддржувам“ одговориле 18% за Зоран Заев, додека дури 8% помалку испитаници го кажале тоа за Христијан Мицкоски, сподели Дерала.

Целиот текст на следниов ЛИНК.