Многу совесни граѓани, дел мои познаници и пријатели во периодот на корона кризата се регистрираа во матично само со присуство на сведоци, дури и без присуство на најблиските. Голем дел добија принова во своите фамилии и мекици правеа за адетот да се направи, без да ги повикат најблиските да се прослави новиот живот. Многумина ги испратија во вечното почивалиште своите блиски само во кругот на семејството. Многумина убавите и лошите моменти ги споделија тивко, само со семејството. За жал сведоци сме и на несовесни граѓани кои не почитуваа мерки и процедури за заштита пред сè, на своето здравје па и на здравјето на останатите. И славеа со 100, 200 гости разни поводи. И нејсе, тие сто славеа ама кај им е одговорноста и на тие што отидоа на такви настани. Мене, искрено да ме повикат не само што нема да отидам туку и ќе ги предупредам за опасноста од вакви собири и ќе ги пријавам. Како и да е, последиците од ваквото несовесно однесување го трпиме сите ние останати. И трагично жално е што и покрај големите бројки на заразени се уште се продолжува со слави и групни собирања😣😔

ФБ статус на Јована Тренечвска, државен секретар во МТСП