СДСМ ја поевтини струјата за граѓаните, а Мицкоски е најлошиот директор на ЕЛЕМ кој увезуваше прескапа струја❗️

СДСМ обезбеди поевтина и стабилна цена на струјата, а денес ЕСМ има добивка и вложува во екологија.

На другата страна е Мицкоски, кој беше најлошиот директор на ЕЛЕМ во историјата на ова претпријатие, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, партијата со најлоши резултати во енергетиката.

📉 Ова се фактите за нив:
Од 2006 до 2016 години ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски ја покачија цената на струјата за 100% за сите потрошувачи. Додека Мицкоски беше советник за енергетика на Груевски, имаше пад на домашното производство за 25%, а увозот стигна до огромни 38%. Парите на ЕЛЕМ наместо во енергетиката одеа за барок и споменици. Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата на ЕЛЕМ се вложуваа во рајски градини со кои извршителот Мицкоски ги исполнуваше желбите на неговиот шеф Груевски. Ги принудуваа исклучените граѓани од централно парно греење да плаќаат надомест, иако тие не ја користеа оваа услуга. 11 години целосно ја заборавија или намерно ја кочеа гасификацијата.

📈 А како е денес? Еве ги нашите резултати:
✅ За само 2,5 години СДСМ спроведе успешни и одговорни политики во енергетиката кои меѓународната енергетска заедница ги нарекува шампионски.
✅ Цената на струјата поевтини и се стабилизираше, граѓаните добиваат пониски сметки. Ја вративме и евтината дневна тарифа за помали сметки во секое семејство.
✅ Го зголемивме домашното производство на струја. Денес ЕСМ (ЕЛЕМ) не купува прескапа електрична енергија. Напротив, денес продаваме вишок електрична енергија и за само две години ЕСМ продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.
✅ ЕСМ денеска има добивка од 80 милиони евра од кои 10 милиони годишно одат за екологија кај 10.000 граѓани за да добијат еколошки начин на загревање.
✅ Наместо да се ставаат стиропор фасади во лажен барок, денес се менуваат филтри во РЕК Битола.
✅ Интензивно работиме на гасификација на државата. Досега, инсталирани се 101 км цевки за гас во рамки на примарната мрежа на делниците Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Степенот на реализација изнесува 74%. Денес, целосно се завршени сите административни процедури за интерконекторот за гас со Грција. За ова добивме европски грант од 13 милиони евра.
✅ Исклучените од парно греење денес не плаќаат доколку не ја користат услугата, а во исто време го намаливме ДДВ за парно греење од 18% на 5% за да стимулираме враќање на граѓаните кон овој тип на еколошко греење.

Разликата е очигледна❗️

Затоа, на 12 април ќе победат СДСМ, економијата и енергетиката базирани на знаење и резултати, а во опозиција ќе останат расипништвото и незнаењето на Мицкоски и Груевски.