-Од почетокот на годинава до денеска, исплативме над 1.6 милијарди денари за 4 мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019-та година, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
-Исплатени се субвенциите за лозарите, градинарите, појлоделците и денеска над 391 милиони денари за субвенции за овоштарите, за одржување на овошни насади.Сите исплати се како што ветивме- пред почетокот на новата реколта, тогаш кога им се најпотребни на нашите земјоделци.Оваа вест денеска им ја соопштив и на овоштарите во Ресен,кои во овој период ги извршуваат редовните агротехнички мерки на овошните насади. Заедно со градоначалникот на Општина Ресен испративме јасна порака до сите земјоделци дека се грижиме за нашето земјоделство.
На сите земјоделци им посакувам успешна нова производствена сезона, порача Димковски.