-Летово ќе биде комплетирана реконструкцијата на градскиот плоштад и парк во Крива Паланка. Исклучително значаен проект, еден од најкрупните проекти за градот и сите генерации во Крива Паланка!, , порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски кој неодамна беше во посета на локалната самоуправа на Крива Паланка.
Николовски при постетата на информираше дека одобрени се и дополнителни 5 милиони денари грант за реконструкција на плоштадот, со што вкупната инвестиција изнесува 48 милиони денари, грант од Светска банка.
„Со дополнително учество на општината целосниот проект за плоштадот во Крива Паланка треба да биде завршен до 30-ти август и претставува еден од најкрупните капитални проекти за градот и за жителите во Крива Паланка. Преку програмите на Министерството за локална самоуправа се одобрија проекти за реконструкција на Домот на култура во Крива Паланка во вредност од над 4,1 милиони денари. Со близу 1,6 милиони денари започнува и реконструкцијата на фасадата на Градскиот Музеј овде во Крива Паланка, која последен пат е реновирана пред 13 години“, изјави вицепремиерот Николовски.