Досега инвестирани се речиси 1 милијарда евра во патната инфаструктура. Во план е да се инвестираат дополнителни 2 милијарди во следните неколку години, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Николовски ги истакна и придобивките од инфраструктурните зафати во земјава.

Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин, рече тој.
Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ и градоначалник на општина Штип денеска пошироко информираше за градежната офанзива во секој дел од земјава, дури и во услови на корона криза.