За поздравување е предлогот на владата и министерството во однос на извршителите. Има примери каде за 300 илјади денари, за наплата стигнато е се 1 милион и 300 од извршител. Граѓаните бараат разни начини, па дури и ја напуштаат државата за да ги подмират долговите од извршителите. Невидена работа е тоа што се правеше изминатите години, нема потреба да се потресуваат извршителите, нема потреба од нервози. Владата најверојатно ги сфати граѓаните и реши да презема мерки. Извршителите нека се вратат назад во суд како судски извршители и нека си работат за плата, изјави Марјан Ристески од граѓанската иницијатива „Стоп за извршители“, пренесе, Локално.

-Не ми е јасно, како може извршителот како државен да не функционира а како приватен да функционира, значи парите се во прашање. Го земале и го пресликале системот од Холандија, таму каде и да се свртиш има работа, има пари. Така во Макеоднија не може, треба да се соочиме со реалноста, владата конечно сфати. Извршителите го казнуваат народот бидејќи е сиромав, вели Ристески,