Заедно да ја зајакнеме македонската економија преку директна финансиска подршка на граѓаните кои пак ќе ги потрошат овие пари за купување македонски производи и услуги, изјави Блаже Ужевски, советник во Општина Радовиш.

„Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани. Без аплицирање и без дополнителни трошоци. Помошта ќе стигне секаде каде што е потребна

• 9.000 денари им следуваат на невработени лица, активни баратели на работа и приматели на социјална помош кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари од јануари до април 2020 година.
• 3.000 денари ќе добијат вработени лица кои за периодот јануари -април 2020 година оствариле доход до 60.000 денари по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ.
• 3.000 денари им следуваат и на средношколци во државните училишта и студенти од 16 до 29 години.
• Домашна платежна картичка „Купувам домашно“ ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со COVID-19, со средства во висина од 40% од последната основна нето-плата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зошто секој треба и секој ќе добие поддршка.

На страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните ќе може:

• Да проверат дали се корисници на домашната платежна картичка
• Со внесување на својот ЕМБГ да ја проверат паричната вредност на картичката која им следува
• Да добијат информација за банката која ќе им ја издаде картичката

Средствата од домашната платежна картичка не може да се подигнат во готовина, да се плаќа надвор од земјата, да се префрлаат средства кон други сметки, туку треба да се потрошат само за купување на македонски производи и услуги и тоа во:
• Ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции
• Трговија на мало продавници за храна и пијалоци
• Зелени пазари
• Аптеки
• Фризерски салони и салони за разубавување

Издавање на домашните платежни картички од 18 јули 2020. Искористување на средствата од домашните платежни картички до 15 август 2020“, посочи Ужевски.