Коментари на гледачи во контактната емисија “ Во тек” на 24 телевизија на тема дали сега е време за избори:

  • “Пред 6-7 месеци им се брзаше на овие од ВМРО-ДПМНЕ за избори, еве сега нека одат. Го слушам и гледам Христијан Мицкоски се спрема за премиер, ама не го бидува човекот. За премиер треба да биде човек на глава да го пуштиш, на нозе да застане. Да се снаоѓа во секоја безизлезна ситуација. Тој тоа не може да го исполни. На поставени прашања од новинари тој вели да се вратам назад, па ќе ви одговорам. Едноставно не го бидува, не може да му парира на Заев” – истакна гледачот.
  • “Што побрзо избори, толку подобро затоа што ниту научната фела не знае колку ќе трае коронавирусот и дали ќе престане. Ако сега постојат најдобри услови, зошто да не ги искористиме тие најдобри услови со одржување на изборите. Само за споредба, во ден недела во една продавница од 70 м2 од 6-14 часот во прва смена пазарувале 573 луѓе.  Кај имаме ние гласачки места со толку гласачи? Плус постои и заштитна опрема, па ќе си се спремиме”- заклучи гледачот.
  • “Ме чуди тоа лажно душегрижништво. Партија чие половина членство заврши на суд заради нивната грижа за граѓаните сега води грижа за граѓаните, а ништо не донираше за граѓаните во моментот на кризата. Погледнете нивниот член се крие не сака да прими известување за обвинителен акт, а се грижи за граѓаните” – додаде гледачот.