Гледач во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија со став дека ако не се спроведат избори ќе се закочи и членството во ЕУ, нема да се спроведе ниту попис, а државата ќе биде целосно нефункционална:

“Избори треба да има што поскоро, од нашите, но и од светските здравствени установи можеме да заклучиме дека оваа болест нема туку така да помине, ќе живееме со вирусот, а ние сме држава која мора избере парламент. Без Собрание државата не може да функционира, нема да можеме да се вклучиме ни во ЕУ затоа што ќе треба да се носат одредени одлуки. Затоа сум што поскоро да се одржат избори. Ова не го зборувам партиски, туку како мој став, а факт е дека оваа власт сега го пушти народот и му даде голема слобода и демократија. Во времето кога владееше ВМРО-ДПМНЕ ние не смеевме да кажеме ниту еден збор. Некои бараат попис, па како ќе се направи попис ако не заседава Собранието и не донесе одлука. Па никој не може самоволно да направи попис и да донесува одредби и закони од интерес за државата. Ако утре епидемијата повторно земе замав пак ли ќе бидеме во вонредна состојба? А, на опозицијата ова и одговара затоа што не е спремна за избори, не си ги прочистила редовите и не може да ги прочисти затоа што им се јавуваат многу струи. Неспремни се и сакаат само да купуваат време. Зошто бараа предвремени избори, тогаш најдобро власта што беше избрана да си го истераше мандатот до крај” – заклучи гледачот.