“Дали ќе има датум за избори? ВМРО-ДПМНЕ многу се секираат многу ќе се разболеле и ќе починеле. Во ред, ама тогаш нека се врати Парламентот. Со вакви услови, ајде ние да бараме кога и да биде денот на изборите Мицкоски лично да ми гарантира дека нема никој да умре и дека температурата ќе биде 18 степени и нема да врне. Такви услови поставуваат, да немало никој разболен. Луѓе, па гледате ли дека пандемијата се шири низ цел свет, меѓутоа моментот е сега кога е најмала веројатноста да се заразиме. Па, здравствените власти знаат, затоа пополека се олабавуваме, се знае каде се кластерите, одредени населени места и општини кај што имало некакви собири и тие кластери се регистрирани. Ние можеме и на редовни избори да чекаме, ама кој гарантира дека тогаш ќе нема ризик?!” – коментар на гледач во утринската контактна емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија на тема “Ќе се договорат ли денес лидерите околу можен датум за избори?”.
Почетна ГРАЃАНИТЕ VS ПОЛИТИЧАРИТЕ Мицкоски нека бира датум ама лично да ни гарантира дека тој ден...
Мицкоски нека бира датум ама лично да ни гарантира дека тој ден нема да врне, надвор ќе биде 18 степени и никој нема да почине – коментар на гледач во “Здраво Македонијо” на Канал 5 ТВ
267







































