Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” емитувана на ТВ 24, лавина од коментари предизвика денешната прес-конференција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на која не пропушти да дели квалификации и лекции на предводниците на целиот здравствено-политички систем во државата:
“Имаме најлоши времиња досега, а никогаш постабилно не била водена државата. Александар Николовски многу го фаќаат живците, многу нервозен нешто. Го гледам пред малку пот тече од него дури зборува. Па за што се нервира, што се тресе? Тој и другарите нè вратија 100 години назад. Среќа паметни луѓе дојдоа на власт, па ја тераат работата домаќински.” – констатираше гледачот.
Друга гледачка во продолжение со сличен став:
“Значи за луѓево од ВМРО-ДПМНЕ ништо не чини и што се помага на овој народ и што се презема сè максимално што е можно. Чуден ми е Александар Николовски, прво го нападна претседателот. Не знаеш дали да се смееш или да го жалиш. После го нападна Димитров, па Шеќеринска. Мое мислење е дека тој Николоски заедно со сиот врв на ВМРО-ДПМНЕ не се достојни да им ги бришат чевлите на гореспоменатите. Народот гледа, граѓаните гледаат.”
“Излегува на телевизија и кажува како треба да работи претседател на државата и Владата. Стварно ова на Александар Николоски не му доликува, тој треба само да се придржува до препораките од Владата и ништо повеќе не бараме од него.” – заклучи гледачот.







































