Во денешното издание на емисијата “Во тек” на 24 ТВ гледачка со свој коментар за доделената препорака на нашата земја за започнување преговори за членство во ЕУ:

“Честитки и голема благодарност до европските лидери што и во ова невреме сепак го одржаа своето ветување и ја исправија грешката што ни беше нанесена во октомври. Не е точно дека сме сите заслужни за овој успех кој беше постигнат за многу кусо време, за разлика од изминативе години. Заслугата е исклучиво на товар на луѓето кои имаат имиња и презимиња и кои цел товар го носеа на свој грб, максимално работејќи на постигнувањето на овие цели и тоа во истиот месец станавме членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ. Имињата се знаат Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи влегуваат во историјата. Тоа што многу ми пречи е што викаат сите сме заслужни за тоа. Зошто луѓе кои интензивно работеа против овој успех не најдоа време барем една честитка да упатат до сите граѓани затоа што бенефитите ќе ги чувствуваат сите граѓани. А, не се сите заслужни за овој успех, тоа е факт. Секогаш има една вистина, не може да има две вистини!” – заклучи гледачката.