Коментар на гледач во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија во врска со критиките на опозицијата кон здравствените власти, особено кон министерот за здравство – Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести – Караџовски.

“Како сакате да се почитуваат закони кога имате лидер на една партија кој се затвора во кафана со група луѓе?! Како може тоа да биде? Не е критика ова, овој лидер на партија вика бил за народот, па ако е за народот што се затворил во кафана, што не се седнал  дома на тераса? Нели бил за народот?

Заев, Филипче и Караџовски не чинеле, а кој чини? Мицкоски, Јанушев и Милошоски, тие ли чинат? Тие се поставиле како комисија?! Срамота! Немаме ние опозиција! Опозицијата треба да критикува, а власта да биде критикувана, ама со усул, не без усул. Тие треба да укажуваат на сите грешки и сите добри работи. Ние сега дојдовме во позиција докторите да ги критикуваме, па тие завршиле за доктори, да лечат луѓе, а не за механичари. Оставете ги докторите да кажат што треба и како треба! Па ги критикуваат Филипче и Караџовски, а луѓево се наши робови веќе три месеца” – изјави гледачот.