Коментар на гледачка во контактната утринска емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија на тема дали 5 јули е погоден термин за одржување избори.
“Јас сум за избори на 5 јули бидејќи тие веќе беа закажани за 12 април и заради коронавирусот беа одложени. Па нели Мицкоски беше прв за избори, зошто сега бега од избори? Избори треба да има. Наводно се грижи за народот, а тој всушност се грижи за фотелјата бидејќи му е страв дека ќе изгуби и затоа бега од избори. Кој е крив што е заразен народот? Па, самиот народ. Народот не почитува мерки, замислете тие што се во самоизолација излегуваат и шетаат. Чулев малку нека ги засука ракавите и нека оди да казнува по кафеаните што играат чочеци, тука вирусот се шири. Избори ќе се одржат на 5 јули бидејќи мора да има влада, институции, државата да тргне напред. Нема да се групираме, ќе ставиме опрема, еден по еден ќе влегуваме и ќе гласаме. Вака нема резон да го критикувате Заев и само да напаѓате” – изјави гледачката.
Друга гледачка пак на иста линија со претходната со коментар:
“Расположена сум да одам на гласање, ако можам секој ден да одам на пазар, тогаш можам да одам и на гласање” – додаде гледачката.







































