Во денешното издание на емисијата “Очи в очи” на ТВ 24, а на сметка на невообичаено новинарско прашање упатено до министерот за здравство Венко Филипче за време на денешната прес-конференцијата: “Со оглед на тоа дека сега почнува онаа сезона за реновирање дома, дали луѓето може да планираат, бидејќи тоа не е процес што може да заврши за ден-два, дали воопшто да почнуваат со реновирање, бидејќи влегуваат мајстори?”, гледач на хумористичен начин со коментар ја затвори емисијата:

“Ако можете да го прашате Филипче како да го исчистам бигорот околу тушот?! Фала многу!” – духовито поентираше гледачот.