Коментари на гледачи во контактната утринска емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија, во однос на погодноста на терминот за одржување избори на 5 јули и однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ:

  • “Избори мора да има бидејќи мора да има одговорна влада и парламент кој ќе ја контролира владата какко работи. Од цел свет само Македонија нема парламентарни избори, нема зошто да се одложуваат изборите. Мицкоски и ВМРО секој ден бараа избори, а сега се загрижени. Ако толку беа загрижени за здравјето на народот немаше 12 години да пустошат, туку ќе се бореа за народот. Тие само бегаат од избори и ништо друго. Тие прво треба да направат реформи внатре во својата партија, па после да кажуваат” – истакна гледачот.
  • “Избори мора да има за да се воспостави ред во државата, да се изберат институции, да си има Собрание и државата да започне да функционира како што треба и доколку не се раководи како што треба да знаеме кого да критикуваме. Мицкоски во мoментов игра на два политички елемента: создавање незадоволство кај граѓаните и предизвикување политичка криза во државата, а тоа ревносно го работи преку министерот за внатрешни работи преку неговите постапки, а втората политичка игра која сака да ја наметне кај граѓаните е очекување на евентуална економска криза од која очекува да добие поени. Но, и двете работи одат на штета на граѓаните, а брзите избори ќе ја регулираат состојбата во државата” – додаде друг гледач.