Гледачи во контактната емисија “Очи в очи” на 24 телевизија, со коментар за обвинувањата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изнесени во дебатната емисија “Отворено студио” каде тврдеше дека наводно има сознанија дека високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле постојано следени.

  • “Ич не треба да се нервираме со Александар Николоски, тој е толку проѕирен конструктор и спинер што дури е и смешен. Нему никој не му верува, па ниту оние неговите што ги гледаме секој ден на пресови.”
  • “Александар Николоски беше пратеник, јас мислам дека интелектуално е поткован и како таков не треба да си дозволи толку ниско да паѓа. ВМРО било прислушкувано, ВМРО било бламирано итн. Од каде му текнуваат овие небулози без никакви потврди или што велиме без тоа да има основа. Па, срамота е тоа што го зборуваат, а се борат да дојдат на власт. Нека се борат, ама нека зборат нешто што држи вода. Шекеринска убаво му одговори да не ја замајува јавноста. Нека не се надева тој дека и мене ќе ме замае, не чини ова за широкиот аудиториум.”
  • “ВМРО-ДПМНЕ би сакале да си тераат “рекла-казала” забава за народ со месеци. Чулев чиј е ? Нека си започне истрага и ако има сомнеж за прислушување од која било институција нека подигне обвинение.”