Став на гледачка изнесен во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на ТВ 24 која ја коментираше вчерашната прес-конференција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски:

“Ги молам сите политички партии, посебно младите во политиката, тоа што ќе им го напишат првин убаво да го прочитаат. Николоски кој го читаше тоа вчера е од млади денови во парламентот, работеше и живееше од државните пари, па нека престане да ја напаѓа Владата и државата. Тие нека земат од нивните пари, па нека помогнат на оние на кои сега им треба помош, па да бидиме од нив задоволни и на пиедестал ќе ги ставиме. Што е она секој ден искача Николовски и повторува Владата не чини. Јас ќе му бидам на Николоски преблагодарна ако неговите средства ги оддели за нас луѓето во години што сме затворени дома. Искачаат само колку да кажат нешто, па дури и кога нема што да кажат” – заклучи гледачката.