Во емисијата “Црвена Линија” емитувана на Телма ТВ, гледач го изнесе својот став во врска со објавените бомби на Антонио Милошоски образложувајќи дека само со директна споредба може да се утврди колку морничави биле бомбите објавени од Заев во споредба со сегашниве таканаречени петарди на Милошоски во кои нема ништо суштинско.
“Во однос на бомбите јас би посакал колку што има бомби сите да ги прикажат, да ги пуштат во етерот, но да ги споредат со претходните бомби каде што навистина имаше морничави моменти, каде што беше нарушен интегритетот на граѓанинот, каде што имаше многу граѓани од врвот на политиката кои замешале прсти во финансиите кои не се нивни, туку припаѓаат на сите нас. Ако ги споредат бомбите, ќе видите дека сегашниве бомби се петарди. Нема ништо. Меѓутоа тоа ќе се докаже само со споредба” – заклучи гледачот.