Коментари на гледачи во контактната утринска емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија:

“Изборите не само што се неизбежни, туку се и единствено решение за состојбата во која се наоѓаме зошто после сè што видовме и што ни се случуваше со непочитувањето на мерките и особено се непреземањето на мерки против прекршителите, мерките веќе ја изгубија смислата и само им служеа уште повеќе на кочничарите  на состојбата. Не е виновен само народот, некој тој народ го поттикнува на тоа. Затоа добро е што се укина полицискиот час бидејќи нема кој да го спроведува, а министерот за внатрешни работи досега требаше да биде разрешен за своето однесување. Но за жал, Чулев е само најистурен експонент, ама и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ со сите свои сили работи на одолговлекување како на здравствената, така и на економската криза и создавање на нова политичка криза која би ја втурнала државата во опасни води, а така е кога едни од петни жили се трудат да ја биде работата, а други да не ја биде” – изјави гледачката.

Во продолжение друг гледач со коментар:

“Изборите се неизбежност, тоа сите го знаеме. И што сега кажуваат ова било укинато за да бидат одржани изборите. Па ви се молам?! Сите во околината ги воведуваат истите мерки и ние ги воведуваме истите мерки. Нема што ние да измислуваме топла вода” – додаде гледачот.