Во денешното издание на контактната емисија “Очи в очи” на 24 телевизија, гледачите со честитки до македонската полиција по повод 7 мај – Денот на полицијата, но и со реакции во поглед на начинот на одбележување кој го оценија како луксузен за вакви услови на криза.

“На денешниот ден на полицијата, единствена црна точка е техничкиот министер. Не ќе да е точно дека трошоците се 300 евра, не знам кого прават неписмени или глупи? Граѓаните или новинарите? Не може ниту едните, ниту другите! Ангажирањето на секој полицаец се смета според работен час по работник, а тоа се стотина ангажирани полицајци, плус додадени материјални трошоци за гориво и дел за амортизација, тој спот чини многу, многу повеќе. Друго е тоа што МВР ќе платело 300 евра на креаторот на спотот, односно тој што го измислил. Ама креаторот очигледно го препишал, го земал од Турција, така е направен, не е оригинал” – изјави гледачот.

Друг гледач во продолжение со сличен коментар:

“Честит нека и е денот на македонската полиција ама малку претераа со славењето, сите коли ги собраа од републиката. Зошто? За да направат парада и ете ја направија! И да речеме добро изгледа, ама дефинитивно она што го видовме не чини 300 евра, тоа сигурно е една добра сума. А кој ги зеде парите не се знае. Некој направи добра режија, ја изрежира цела работа, а и трошокот што се направи е голем, меѓутоа тие сепак решија да прослават малце полуксузно за овие времиња” – додаде гледачот.