“Збунет сум колку министерот за внатрешни работи, Чулев, не ги познава овластувањата на овластените службени лица, односно Законот за полиција и Законот за внатрешни работи. Денеска тврди дека полицијата не може без налог да влезе во туѓ дом, каде го пишува тоа да ми го објасни?! Точно е тоа, но таму има еден дел којшто вели дека овластено лице кога се сомнева дека во одреден простор се врши кривично дело има право да влезе без налог. Ако вие имате прослава, како тогаш полицијата оди по пријавена поплака и го легитимира сопственикот и им наредува на лицата да ја напуштат просторијата каде се врши нарушувањето на јавниот ред и мир. Страшно непознавање на законите и само збунување на јавноста. Невиден срам да се шират вакви невистини” – коментар на гледач во контактната емисија “Очи в очи” на 24 телевизија.