Гледач во контактната емисија “Очи в очи” емитувана на ТВ 24 на тема “Нема гласање без важечки документи” смета дека вината за неподигнатите 38 000 лични карти за кои обзнани ДИК лежи исклучиво кај техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој не се зафатил со навремено решавање на проблемот сè со цел да нема излезност на изборите и изборите да не бидат успешни.

“Во однос на темата за неподигнатите лични карти сметам дека господинот Чулев со намера не сака да ги даде затоа што ВМРО не сака да има избори, тоа е факт, се виде дека бегаат од избори и фактички сакаат да се намали излезноста на граѓаните за да не важат овие избори. Мислам дека сепак вината е кај него. Граѓаните требало да бидат навремено информирани и личните карти да бидат доставени за да излезат на гласање и да го дадат својот глас. Ама за жал тие тоа не го посакуваат, тоа го гледаме и ние граѓаните дека сакаат изборите да не бидат успешни, а граѓаните да останат дома” – истакна гледачот.