Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија гледач со коментар за однесувањето на опозицијата во услови во кои се наоѓа државата во моментот:

“МВР извршија упад во магацините на Заеви во Струмица по нечија дојава, му се јавуваат на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев бидејќи работниците работеле трета смена. Ајде шест полициски возила и дваесетина полицајци влегуваат во магацините и што ќе видат…прехранбени продукти наменети за ранливите категории во Струмица. Ете тука падна опозицијата. Министерот упадна во својата сопствена стапица. И сега тие бараат да бидат позиционери. Не може, Чулев прво нема капацитет да биде министер за внатрешни работи, а и немаат кадар ВМРО-ДПМНЕ да водат ваква ранета држава. Ако тие случајно дојдат на власт не знам што ќе нсатане во државата. Хаос невиден! Бидејќи не признаваат ништо. А видете ги изјавите на господинот Христијан Мицкоски, какви контроверзни изјави дава. Вие го прашувате за коронавирусот, тој вели ќе победиме на следните избори. Каков апсурд! Самиот народ ќе каже кој колку пари вреди. Двајца премиери имаа, двајцата му ја летнаа, едниот во Софија, другиот во Будимпешта! Еве го и сегашниот генерален секретар, ќе видите за година-две кој е Јанушев, големиот патриот” – изјави гледачот.