Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 ТВ гледач по проследената прес-конференција на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев со констатација, а воедно и прашање до министерот:
“Во врска со случувањата во Синѓелиќ, ако забележавте Чулев кажа прво се видело на Фејсбук дека излегуваат луѓе и прават нешто таму и тогаш дошла патролна кола. А, јас би го прашал министерот дали во полициски час не треба да патролираат коли низ целата држава, во сите градови, населби и улици?! Тоа испаѓа дека да не било на Фејсбук граѓани слободно ќе му се шетале во полициски час. Мора да се патролира, коли да поминуваат секаде, а не законот важи за сите, ама ако те фатат. Во интерес на сите граѓани е да има патроли” – констатираше гледачот.