Бранко Црвенкоски за мене е добар оратор, ама кога треба да се превземат чекори е кукавица! Никогаш не сум бил на неговата страна и идеолошка матрица за профит.

1. Иако имаше голема изборна кражба од страна на ВМРО – ДПМНЕ во 2011, изборите ги призна за час.

2. 2013 си поднесе оставка со наводно алиби дека ги изгубил локалните. Реалноста е дека немаше храброст да ги прифати материјалите (Бомбите) за рушење на Груевски и режимот.

3. Цел процес на рушење на Груевски и режимот го преќути (демек мирно во пензија)

4. Заев направи Влада. Отиде во Влада да се слика со него (иако од никогаш не го сакал и не е “негово дете”) за да покаже дека е “пријател”.

5. Во меѓувреме неговата најблиска соработничка и советничка Наташа Савова оди во редовите на ВМРО – ДПМНЕ и е главен играч за спас од одговорност на Орце Камчев (сегашен финансиер на ВМРО – ДПМНЕ), поранешен потпретседател на младина на СДСМ во времето на Бранко.

6. Претседателски избори 2019. “Тајно”застанува зад неговста фришоп пријателка Гога и со своето “јако” тереснко искуство и носи гласови за да го победи Стево Пендаровски, за подоцна да го руши Зоран Заев од лидерската позиција. И тоа му падна во вода!

7. Предвремени парламентарни избори 2020. Повторно “тајно” се вклучува во изборниот процес и агитира за ВМРО – ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Победува европската перспектива и добрите политики на Зоран Заев.
Бранко нека си чила во Слатино, сѐ до ден денес.

8. Денес излегува со последен обид за рушење на Зоран Заев. Јавно го критикува за неговите настапи. И ова нема да му успее!

“Излези Бранко народот те бара”

Повели Бранко, на пролет ќе имаме внатрепартиски избори. Ќе гласа секој член на партијата. Повели кандидирај се, па да видиме колку си “силен” во СДСМ 😉

ФБ статус на Воислав Попоски