Коментари на гледачи во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија запрашани каква кампања очекуваат, но и што очекуваат од овие избори.

  • “Луѓето нека направат споредба и нека не забораваат дека претходно сите бевме со притисоци, а сега дочекавме слобода и на изразување и на мисла. Помеѓу единство и поделба, мирољубивост и насилство, економска стабилизација и финансиското цунами кое што го оставија груевци после 11 години, помеѓу бело и црно, иднина и небиднина или помеѓу утре и некни. Тоа е изборот, има огромна разлика, не се сите исти, секој треба добро да размисли бидејќи овој избор е многу значаен за нашата држава и за иднината на нашите деца и внуци. Затоа не треба да заборавиме што се случуваше и што беше наследено што мораше овие години да се поправа” – истакна гледачката.
  • “Ќе гласам за СДСМ и ако почнам да правам паралели со другата опција, лесно ќе видиме кој направил повеќе и пореално, знаеме кој градеше згради и партиска палата направена од тешки пари, видовме на кого му беа битни лекарите” – заклучи гледачот.
  • “Јас сум пензионерка и ќе гласам за СДСМ. Зошто? Затоа што многу направи за народот и надворешно и внатрешно. Не успеа да си го истера човекот мандатот до крај 4 години, затоа сега ќе победи и ќе си ги заврши сите работи што ги вети. Доволно направи за народот, ги покачи пензиите, социјалната помош, ги обештети стечајците, па што сакаат?! Во кризава на сите им помогна, јас не знам што сакаат повеќе од тој човек?! Нека не ги ставаат сите пензионери во ист кош, јас сум пензионерка и со двете раце ќе гласам за Зоран Заев” – изјави гледачката.
  • “СДСМ немаше време тоа што го вети до крај да го спроведе. Прво, не два месеци има земаа додека да оформат влада, потоа започна коронавирусот и сето тоа им одзеде време. А, ВМРО 11 години беа на власт, ги опустошија болниците, а сега криви се СДСМ што се трудат да воспостават ред?! Тие си градеа споменици, правеа 300 чуда и сега сакаат власт” – додаде гледачката.