Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на ТВ 24, гледачите имаа можност јавно да го искажат својот став на темата: “Треба ли да се дислоцираат дел од спомениците од проектот “Скопје 2014″?”, на што една гледачка реагираше:

“Апсолутно сум приврзаник, дури и поборник меѓу првите, да се отстранат дел од спомениците. Особено галиите од Вардар, тоа е насилство врз коритото на Вардар. Малку повеќе дожд и ќе се поплави цело Скопје. Личи ли тоа? Гипсот, плоштадот во нашиот град не можам да го глeдам бидејќи не дише, а порано уживав. За мене лично, за мое разбирање, тоа е чисто психо-патолошка состојба. Да останеше на власт уште малку Груевски, Акропол ќе го направеше кај нас. Ќе успееше од гипс сигурно негде на Кале Акропол да го направи. Може да се дислоцираат спомениците по другите градови, го охрабрувам максимално господинот Шилегов и сите институции. Сè што може да се отстрани особено од Вардар и од плоштадот.” – заклучи гледачката.