Гледач во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија ја коментира вчерашната одлука на Уставниот суд да не се намалат платите на функционерите:

“Зад ова стои Никола Груевски, диригентот од Букурешт. Сето ова е смислено, испланирано и директно диригирано од Букурешт. Целта е да се создаде хаос во државата. Сакаат да создадат економски хаос да не дојде сега до избори. Затоа јас ја повикувам Антикорупциска комисија под итно да започне да се занимава малку со потеклото на имотот на судската фела, бидејќи оваа одлука е директно против здравјето на граѓаните!” – изјави гледачот.