Во утринското издание на контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија гледачите коментираа каква е нивната оценка за досегашното справување на нашата држава со коронавирусот кој ги поремети реодвните текови ширум целата планета.

“Филипче навреме презема соодветни мерки и за тоа СЗО даде свое мислење, дека во Македонија се справуваме соодветно со коронавирусот. Мислам дека е добро што е донесена вонредна состојба, но треба да се внимава на мерките.

Она што е најбитно што го презема државата, Владата со сите надлежни министерства и целиот тим, e детектираше на луѓето коишто се потенцијални носители и коишто биле надвор од државата и нивните контакти со другите луѓе.” – коментираше гледач.

Друг гледач кратко, јасно и концизно поентираше:

“Ги поздравувам сите здравствени работници на чело со Филипче за нивната несебичност. Длабок наклон!” – заклучи гледачот.