Гледач во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија коментира на темата “Кој ќе биде најголем победник, а кој најголем губитник по изборите во април?”:

“Мицкоски нуди враќање назад на државата. Па, ние за оваа држава ризикувавме сè, да ни биде призната во НАТО и да ни се отвори патот кон ЕУ. Дури и на името додадовме географска одредница Северна Македонија, а сето тоа го направивме за да одиме напред. А, мислам дека народот ќе го даде гласот за СДСМ, гледаат дека национализмот не чини. ВМРО се распарчени, Антонио на една страна, Димовски на друга страна. И во ВМРО има чесни луѓе, ама стварно треба да заминат оние кои  ја ограбија оваа држава.”– коментира гледачот.

Во продолжение, друг гледач додава:

“Победник на овие избори ќе биде Зоран Заев на чело на СДСМ затоа што Заев сега прави држава за сите. Само малку да ги потсетам луѓето. Со “разумен компромис” и со “вистинска вистина” ВМРО не можат да победат. Такви лидери не можат да покренат надеж на луѓето, односно на гласачите, за да извојуваат победа. СДСМ е државотворна партија, тешко е држава наново да се гради, посебно после 11 години растурање од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Јас се потсеќам дека ВМРО ветија дека во Солун ќе држеле конгрес, ама не го одржаа конгесот.

Затоа Зоран Заев, човек со ум и разум, прав државник, ќе ја води оваа држава на прав пат, држава Република Северна Македонија, која ќе биде подеднаква за сите граѓани без оглед на вера, нација и боја.” – заклучи гледачот.