Гледачка во денешното издание на емисијата “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија со свој став околу однесувањето на опозицијата во овој клучен момент:
“Мене ми се чини дека оваа гужва по банките и маркетите соодветствува на офанзивата што ја преземаат негаторите на економските мерки на владата. И додека владата се бори да зачува 250 000 работни места и се грижи за најзагрозените групи граѓани, па и за сите нас, опозицијата на чело со Мицкоски само шири паники и предлага мерки кои само ја загрозуваат економијата. Ова ги плаши граѓаните, мислат дека некој ќе им ги земе парите, спомнуваат преземање на парите од приватниот пензиски фонд во државен, несоодветно ги толкуваат мерките што ги презема владата, необјективно и некоректно информираат, а на тој начин се заплашуваат поедини групи кои се опфатени со мерките на владата. Така граѓаните се ставаат во недоумица и се создава недоверба. Тоа ги плаши граѓаните, мислат дека некој ќе им ги земе парите, дека ќе останат без намирници по продавниците, па дури и дека ќе пропадне државата. Ова создава паника, а навистина е многу тешко да се создаде ред и дисциплина во една куќа, а камоли во држава каде има толку спротивставени мислења околу еден заеднички проблем. Крајно време е сите да се обединиме.” – заклучи гледачката.