“Ние во државава имаме две полиции. Затоа Мицкоски излегува и зборува дека не бил информиран за мерките што треба да ги спроведува. Па, како не му е срам тоа да го каже?! И оттука заклучувам дека во државава има две полиции, една за граѓаните и една на Мицкоски предводена од Чулев. Мислам дека од тој центар на Чулев потекнуваат сите работи што ни се случуваат почнувајќи од свадбата која морало да биде пријавена во полиција и да имале одобрение за такво нешто, па сè до орото во Гевгелија и литијата во Струга, сите тие потекнуваат од центарот на ВМРО?! Затоа кога Мицкоски може да каже дека нема информации за мерките, а секој ден ги критикуваат, тогаш човек не знае што да мисли. Што да кажат граѓаните, дали тие се или не се информирани. Ете затоа се џабе и вонредни состојби и полициски часови” – коментар на гледач во утринската контактна емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија.