По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, во денешното издание на контактната емсисија “Во тек” на 24 ТВ, голем број од гледачите изразија искрени честитки и поддршка за здравствените работници, а особено за министерот за здравство Венко Филипче:
“Им го честитам празникот на здравствените работници бидејќи тие се на прва борбена линија и им посакувам што помалку да страдаат од оваа чума. Тие го чуваат здравјето за сите нас. Филипче треба да го чуваме како зеницата во окото, досега не сме имале таков човек во здравството кој толку навлегол и се соживеал со здравството. На тој човек сме му должни почитување зошто тој се грижи и ден и ноќ за народот.” – истакна гледачот.
Поддршка и честитки за целиот здравствен систем на чело со министерот пристигнаа и од останатите јавувачи:
“На луѓето во здравството им посакувам многи сила, здравје и дух. Ништо не значи ако излеземе и ракоплескаме, а не ги почитуваме законите. Ракоплескањето во тој случај е дволично. Кога веќе го даваме тоа ракоплескање и поздрав за пожртвуваноста, тие се нашите херои, ајде да ги почитуваме. Лошо е што за нас се потребни закони и уредби, а треба самите да знаеме и да бидеме свесни што треба да правиме. Ги поздравувам мерките што настапуваат од утре и го поздравувам министерот за воздржаноста, кога ќе излезе јас му се восхитувам колку е воздржан.” – додаде друга гледачка.
“Дали приметивме на вестите колку министерот Филипче е истоштен, едвај ја даде честитката до своите колеги? А некои си дозволуваат да бидат иронични и цинични дека тој илегувал да се слика, па каде ви е умот во сето ова?! Благодарност до него и до владата. Тие мислат на нашето здравје, а ние треба да размислиме дали ќе бидеме егоистични спрема нашите чеда и нашите внуци. А некои дури си даваат за право да коментираат дека владата ни ги одземала човечките права. Па каде ни е умот?” – заклучи гледачот.