Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 ТВ, гледачите со лавина коментари во врска со тригодишнината од “Крвавиот четврток”, односно насилниот упад во Собранието на 27 април во 2017 година:

  • “Оваа црна дамка ќе остане во историјата на македонскиот народ. Само кај нас народот го сметаат за потрошен материјал. Па, бродот кога тоне капетанот по правило треба последен да излезе од бродот, а кај нас капетанот Груевски прв избега во Унгарија.”
  • “Ајде да се потсетиме кој кумуваше на настаните што се случија. Прво би го спомнал екс-претседателот на државата Ѓорѓе Иванов кој благо речено не се снајде на таа функција, односно со неговото свесно или несвесно манипулирање околу давањето односно недавањето на мандатот и на тој начин ја зовре ситуација пред да се случи овој настан. Втор учесник беше политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која активно учествуваше во организацијата на овој настан, вратите ги отворија нејзини членови, а трет учесник беше МВР и на еден конкретен пример ни покажа што значи заробена држава и заробени институции, односно институции ставени во функција на една политичка партија, а не беа на ниво на она што го очекувавме и го баравме како правна држава, според Уставот и законите. Мора да се знае кој е виновен, а очигледно е дека беше обид да се спречи формирање на власт на легален начин.”
  • “Жално е тоа што се случи и сега народот после сето тоа има склероза демек не е тоа тоа што се случи. А што е? Не знаеме ли што требаше да се случи? Дали тогаш ќе ја прифатеа вистината ако се случеше тоа што сакале да се случи.”
  • “Овде се е јасно. Нарачателот се јави од Австрија, а кога виде дека овде нема пари, замина!”
  • “Тоа не беа само терористи, туку и убијци. Целта им беше граѓанска војна. Не го мешајте ова ВМРО со она исконското, не го валкајте името ВМРО.”