Во емисијата “Очи во очи” со Огнен Јаневски емитувана на ТВ 24, каде граѓаните беа запрашани дали новите “бомби” објавени од Антонио Милошоски претставуваат индиции или пак средства за прибирање политички поени, гледач со став дека Антонио Милошоски е последниот човек кој со својот нарушен кредибилитет може да стои зад веродостојноста на материјалите.

“На еден давеник кој се дави и една сламка му се чини како цела греда, па може да се спаси и по неа да излезе на копното. Меѓутоа, овдека се гледа дека сето ова е со намера на некој начин, не можат тие ништо да докажат затоа што сето ова е крпено, лепено и шиено, меѓутоа тие сакаат само да направат предизборна тензија со што би го срушиле квалитетот на партијата СДСМ. Ако се свесни сите граѓани кои што го гледаат и слушаат сето ова ќе сфатат дека оној за кого има покренато постапки, за кого треба судот да решава за неговото недобро работење и за злоупотреба на неговото работење, не може да биде тој што треба да обвинува. Тој ако сакаше да докаже дека има нешто против Заев или кој било друг од спротивната страна, тогаш требаше тие материјали да ги даде на некој друг за да биде веродостојно. Господата мислат дека сè што ќе направат ќе им оди во прилог, но сето тоа  оди само на нивна штета.” – рече гледачот.