Во емисијата “Црвена Линија” емитувана на Телма ТВ, каде граѓаните беа запрашани дали им веруваат на политичарите, гледач го изнесе својот став дека Антонио Милошоски е човек со низок рејтинг дури и меѓу своето членство и Кичевчани и сè што сака да постигне со објавувањето на бомбите е да го скрие, како што вели, криминалот што самиот го направил и да му фрли магла на народот.
“За овие бомбиве што беа објавувани од СДСМ се докажа дека се снимани буквално од МВР, меѓутоа без судски налог. Сега се води судски спор кој го дал правото да се снимаат толкав број на граѓани. Од друга страна сега имаме обид на еден човек кој што навистина има низок, скоро никаков рејтинг прво меѓу своето гласачко тело во Кичево од каде што потекнува, Кичевчани тоа многу добро го знаат и ние многу добро знаеме како влезе во политиката.
Сè она што се прави сега е обид да се скрие она што го направил како криминал и не држи вода.
Не им верувам на овие прес-конференции затоа што човекот како прво не сака да го каже изворот од каде му се материјалите, а треба да го каже, а како второ не се ни трудеше да сокрие дека се наставувани разговорите, не викам дека не се вистински, меѓутоа соговорникот никаде го нема, а вадени се зборови од контекст. Ова е фрлање магла на народот!” – заклучи гледачот.