Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по информациите дека директорката на скопската гимназија Никола Карев, Горица Илиовска, се заканувала кон учениците да не излегуваат на протест против загадувањето и даде отказ посочувајки дека никој нема право да го забрани правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи.
Ова постапка на градоначалникот наиде на позитивни коментари на граѓаните како “То мајсторе. Десетка за Петре. Уште три четири директори на јавни установи и три мандати гарантирани. Само остро и на прва.”
Друг граѓанин пак напиша: Ех да беше вака и во време кога беше ДПМНЕ на власт, кога заклучуваа деца во училиште за да не излезат на маршот на студентскиот пленум, каде со плачење излегуваа организаторите на бојкотот за екстерното од канцеларија кај директорката, се организираа автобуси пред школо за митинг во друг град, така наречена еднодневна гратис екскурзија…. Да беше,ама не.. ама тогаш сите молчеа, се плашеа. Се плашеа од режимот.
-Драстична мерка сосема непотребна, какво право на протест и бојкот, па тоа се малолетни деца злоупотребени во политички цели, вели Ивена Илиевска на објавата на Петре Шилегов додека Нате Панева и реплицира -Не ги извртувајте работите, право на чист воздух имаат сите, и малолетни и полнолетни!