Во емисијата “Црвена Линија” емитувана на Телма ТВ, гледач го изнесе својот став на темата “Скопје 2014 е небезбеден, Шилегов вели треба да се урне” и нагласи дека вината што сега градбите направени од стиропор се распаѓаат на ветрот ја лоцира во нарачателот на проектот Груевски и пратениците од ВМРО кои и тогаш, а и ден денес сè уште го поддржуваат.
“За Скопје 2014 најголема вина и нарачател е Груевски и пратениците од ВМРО кои го поддржуваа тоа што го направи. Тоа ќе го има во историјата. Толку беда направи. Наместо тие пари да ги вложуваше во земјоделието, во продуктивни работи, тој правеше градби од стиропор. Ете тој стиропор од ветрот се урна. И уште го поддржуваат!” – заклучи гледачот.