Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 ТВ, гледачка со револт кон сите оние кои постојано се жалат на рестриктивните мерки со кои се ограничува движењето на граѓаните, во услови кога цел свет се бори против злото наречено коронавирус. Гледачката констатира дека на сите им е толку тешко да издржат да седат дома, а потоа едвај чекаат вината да ја префрлат на друг:

“Дојадено ми е од сите негативци, дојадено ми е од тоа да не сте свесни дека имате деца и внуци. Не можам да го сфатам овој мој народ, дали навистина толку многу ви се умира? Седете, бе, луѓе дома! Заев бил крив?! Па, Заев да не отиде во Америка или во Германија специјално да го донесе вирусот. Свесни ли сте дека таму умираат илјадници луѓе секој ден? До каде ќе одиме со овој мозок? Нам навистина ни треба вакцина, ама да не направи покултурни” – заклучи револтирано гледачката.