Коментари на гледачи во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија, на тема: “Уште една недела изборна кампања, какви се вашите очекувања?”:

  • “ВМРО-ДПМНЕ води исклучиво негативна кампања. Вкупната кампања не е само негативна, таа е дури и морбидна, непријатна за гледање и слушање. Ако конечно не престанат си цинизмот и не покажат програма и понатаму ќе си останат во опозиција” – изјави гледачката.
  • “Мицкоски води кампања со која сака да му ги замачка очите на народот со цел да им прикаже дека Заев не направил ништо. А нели видовме дека ВМРО претходно направиле премногу, па сега допрва ќе правеле?! Па Заев за 2,5 години направи повеќе отколку ВМРО за 11 години. Зошто не работеа ништо 11 години?!” – запраша гледачот.
  • “На овие избори ВМРО нема што да бара и тоа му е јасно на нивниот лидер. Следствено на тоа, тој води една кампања која не е добра не само заради него и неговата партија, туку не е добра ниту за граѓаните на државава и тоа ќе му се одрази на изборите. Повторно го заговара оној национализам којшто е многу лош. Пропагандата повеќе не поминува кај народот” – констатираше гледачот.
  • “Ова што го прави опозицијата е нечуена и невидена работа досега. Да се служите со макети на обвинители и да излезете во кампања?! Македонскиот народ знае што се случуваше, кои беа виновни. И сега бараат да дојдат на власт?! Па тоа е илузија. Беа 11 години на власт, па знаат тие и самите убаво што направија. Само тие во врвот од партијата и тие околу нив имаа некаков статус на граѓани, остатокот на народот беа граѓани од втор ред. Имаше само казни, уцени, рекети и ред други работи” – истакна гледачот.
  • “Тимот на ВМРО, Игор Јанушев, Александар Николоски…па тоа е тимот на Груевски. Тие учествуваа во тој тим на Груевски кој тепаше студенти на плоштад и во библиотеки, тепаа новинари…” – додаде гледачот.