Гледач во контактната емисија “Во тек” на ТВ 24 на актуелната тема “Колку е црна предвереме започнатата предизборна кампања?” коментира:
“Што се однесува до валканата кампања, па валкана е повалкана не може да биде. Навистина не може да биде. Еве зборат за заборчила сега оваа власт 130 милини евра. Па тие 130 милиони евра се заборчени оти треба да се оддолжи државата некаде. Тоа не значи избега Грујо борчовите избегаа со него. Не! Борчовите му останаа на народот македонски. Треба да ги плати онаму кај што ги позајмил тие пари, мора да ги враќа тие пари, нема кај да оди. Тие пари ќе се враќаат и ќе се зајмиме, немаме ние толку наши пари за да можеме сè да исплатиме.” – додаде гледачот.