Коментари на гледачи во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија на тема дали во моментов на државата и е попотребна нова вонредна состојба или избори:

  • “Избори само на 5 јули, ништо понатака. Уште ли не го разбравте Мицкоски и неговата растурачка политика, неговото обидување со Груевски сосема да ја разнебити Македонија. Не може да има други избори. Што ќе ни е нова вонредна состојба? Што ќе направиме со таа вонредна состојба, ќе го смениме ли менталитетот на луѓето? ВМРО претпочитаат распуштеност, кој што сака да си прави, а така најлесно се разнебитува државата” – изјави гледачот.
  • “Во оваа ситуација, ние веќе доцниме со изборите. Ние имаме техничка влада која е направена пред 4 месеци и требаше да трае само 60 дена за да ги подготви изборите. Оваа техничка влада не е составена по регуларен пат, таа е составена за да може да ги спроведе изборите и не е функционална. Ние мораме да излеземе од ова беззаконие во државата. Од една страна, сега како може да се казнат 1600 луѓе што не носат маски, а пред тоа 10 000 не носеа и ги гледаа и не ги казнуваа. Тоа е нефункционалноста и ние не можеме само да продолжуваме вонредна состојба. Не можеме да бараме да нема избори врз основа на бројките на заболени бидејќи редот мора да се воспостави” – додаде гледачот.
  • “Мора да има избори. Кај беа 11 години да критикуваат кога гладувавме, кога црнеевме, кога не знаевме што сме…дали сме индијанци или нешто друго, кога не тегнеа за уши? Се знае кој е за бојкот. Тие што се под команда може да одат на бојкот. Не мислат дали државата треба да тргне напред, дали нашите деца треба да растат или само ВМРО и Мицкоски треба да ги гледаме?” – запраша гледачката.
  • Нормално дека мора да има избори. Цело време ли ќе бидеме без избори, без Влада и без Собрание? Битно да ни тргне државата напред. – истакна гледачката.