Коментари на гледачи во контактната утринска емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија запрашани дали сметаат дека 5 јули е погоден термин за одржување на парламентарните избори:

  • “Бараа избори, избори, избори…а сега кога дојдоа изборите се бранат со здравјето на луѓето. Здравјето на луѓето горе-долу е добро, не сме ние во некоја критична фаза за да не можеме да излеземе на мегдан. Изборите неминовно треба да се одржат на 5 јули” – изјави гледачка.
  • “Под итно треба да се одржат избори затоа што не работат институциите бидејќи ги немаме, а немаме ниту Собрание. Преостануваат 22 дена по крајот на вонредната состојба и изборите мора да се одржат за да може државата да функционира и да се преземат сите мерки во однос на медицината, економијата и граѓаните. Избори треба да има на 5 јули, а дали опозицијата ќе сака или не да учествува на тие избори тоа е нивно право, ние сме демократска држава и секој има право да избере, никој не може да ги принуди на нешто. Изборите мора да се одржат за да спасиме што можеме од оваа епидемија и да дојде подобар живот што е во интерес на сите граѓани” – истакна гледачот.
  • “Ние секој ден излегуваме во продавници и во институции со маски, што ќе ни смета ако појдеме да гласаме? Што може да се случи ако се доволно совесни и носат маска како секој ден. Што е разликата помеѓу местото за гласање и продавницата во која пазаруваат секој ден? Тие што заболуваат не почитуваат мерки и не носат маски. Дали за тоа е Филипче виновен? Портпарол на ВМРО излегува и вели Комисијата за заразни болести не била стручна, тоа е тешка невистина, колку само да се излезе и нешто да се каже” – додаде гледачот.