Утринава гледачка во “Здраво Македонијо” на Канал 5 ТВ револтирано го искоментира критичкиот однос на Христијан Мицкоски кон секој предлог или мерка која досега беше предложена или преземена од здравствено-политичките власти со цел справување со коронавирусот:

“Јас го слушав Мицкоски, тој зборуваше како требало да се купуваат апарати и некои други работи, па еве предлог нека даде и тој средства и тој има многу. Мицковски не знам кај гледаше кога се трошеа пари за споменици и кога беше поплавата на луѓето во Скопје колку им даваа. Не е само да се собираат поени од народот. Треба и тој да придонесе. Кога трошеа пари на непотребни работи, сега нека продаваат еден по еден споменик и нека дадат на народот. Јас сум од територијата каде што беше поплавата, го канам Мицкоски да дојде да види дека има луѓе што уште не се опоравени од претпрените штети, даваа на луѓе што воопшто не беа поплавени, ама беа партиски и земаа пари за поплавата. А, сега за ова што е многу поопасно не е во ред вака да зборува.” – разочарано заклучи гледачката.