Во денешното издание на “Црвена линија” на Телма телевизија, гледачите со коментари за полициската акција која ноќеска МВР ја спровело во Струмица, во складот каде се пакувале производи наменети за најранливата категорија граѓани донирани од семејството Заеви:

  • “Во ситуација кога некој е на мака, а тоа сме ние сите, кога 80% од граѓаните живеат со минимална плата од 14 500 денари, кога вртиме едвај крај со крај да споиме, некои велат Заеви барале гласови?! Запомнете, таа рака што дава не се суши! Треба да го почитуваме тоа и да кажеме благодарам. Камо среќа сите тие што се како Заеви, што имаат повеќе, да донираат. Зошто од тие што имаат повеќе не слушнавме дека донирале нешто. Ова треба да се поздрави, а не да се фрла со дрвја и со камења. Ајде да ги пофалиме оние што помагаат, а да ги кудиме оние што имаат, а не даваат!”
  • “Не може никој да го земе доброто на семејството Заеви. Што и да прават и да праќаат полиција, џабе е, не можат на Заеви да им го нарушат угледот. Тие пружиле рака на секој сиромав човек. Кој и да отишол кај него тој го сослушал и му помогнал. Човек со срце и душа.”
  • “Заеви даруваа 100 000 евра, медицинска опрема, опремија многу одделенија во болниците во цела држава. Прочуени се по својата хуманост и добротворност. Кои сме ние да ја омаловажуваме или да не ја признаеме оваа хуманост, па тој донира продукти на луѓе кои во овој момент на криза не можат да дојдат до овие продукти. Затоа кажете ја вистината и не ширете лажни вести.”